ТЕФТЕР.tech Закажи разговор
е-Фактура ·

е-Фактура 2027: што мора да направи вашиот софтвер

Рокови по предлог-законот, UBL 2.1, потпис, валидација и прием — и што да проверите денес.

Датумите се според Предлог-законот за електронско фактурирање објавен во август 2026. Може да се сменат пред законот да биде донесен.

Рокови

ДАТУМКОЈ
1.10.2026Доброволна примена за сите
1.4.2027ДДВ-обврзници, државни и општински друштва
1.7.2027Правни лица што не се ДДВ-обврзници
1.10.2027Буџетски корисници, непрофитни организации, НБРМ
1.1.2028Сите опфатени субјекти

Како функционира

Фактурата се креира во структуриран формат (UBL 2.1), се потпишува со квалификуван сертификат и се испраќа до платформата на УЈП. По валидацијата добива единствен идентификатор (еИД) — дури тогаш има правна важност. Примачот може да ја прифати или одбие во предвидениот рок.

Што мора да прави вашиот софтвер

  • Да ги извезе податоците од фактурата во UBL 2.1.
  • Да ја потпише со сертификатот на фирмата.
  • Да ја испрати до УЈП и да го зачува еИД-то.
  • Да прима влезни фактури и да ги прифаќа или одбива навреме.
  • Да ги архивира документите.

Што да проверите денес

  1. Дали вашиот добавувач на софтвер има е-Фактура модул и кога.
  2. Дали фирмата има квалификуван сертификат.
  3. Колку фактури месечно издавате и примате.
  4. Кој во фирмата ќе одобрува влезни фактури.

Ако програмата што ја користите нема е-Фактура, не мора да ја менувате — може да се поврзе преку конектор. Повеќе за е-Фактура интеграција →

Процес што се води на хартија или во Excel?

Раскажете ни. Прв разговор и процена — бесплатно и без обврска.

Телефон078 951 842 Пиши на Viber → Е-поштаinfo@tefter.tech Скопје, Северна Македонија