Работа што работи секој ден.
Системи во вистинска употреба — од ресторани до логистика.
Тефтер POS
POS систем за ресторани, барови и хотели, развиен од нула. Нарачки и маси, фискални сметки усогласени со УЈП, кујнски екрани (KDS), залиха и нормативи, QR мени, резервации, распоред на смени и AI скен на влезни фактури. Работи локално на постоечкиот хардвер на клиентот и продолжува да работи без интернет.
Фактури без препишување
Екстензија за прелистувач што ги чита товарите од порталот на превозникот и сама генерира PDF фактури. Работата од неколку часа неделно стана еден клик.
Дигитален џубокс за бар
Гостите бираат музика од телефон, редот се управува централно — со Spotify интеграција и правила на локалот.
Платформа за пазарни податоци
Прием и анализа на берзански податоци во реално време, со ниска латенција и сопствени контролни табли.