Деловен софтвер по мерка
Кога готовата програма ве тера да работите како што таа сака — време е за софтвер по мерка. ERP, магацин, CRM и интерни алатки што ги следат вашите процеси.
Звучи познато?
Во Excel, во програмата и на хартија.
Попис секој месец, разлики секој месец.
Кога е на одмор — нема извештаи.
Секоја промена е „тоа не може“ од добавувачот.
Почнете со едно. Додавајте по потреба.
Магацин и залиха
Прием, издавање, пренос меѓу објекти, попис со баркод и минимални количини.
Набавки и продажба
Понуди, нарачки, испратници и фактури — со статус на секој документ.
CRM
Клиенти, контакти, понуди и потсетници за следен чекор.
Работни налози и сервис
Задачи по тим и возило, фотографии од терен, потпис на клиент.
Портал за клиенти
B2B нарачки, ценовници и историја на документи за вашите клиенти.
Извештаи и BI
Продажба, маржа и залиха по објект — автоматски секое утро.
Прво еден процес.
Почнуваме од најскапиот проблем, а не од целиот систем.
Прашања
Поврзани услуги: е-Фактура и интеграции · Автоматизација на производство
Дали е поскапо од готова програма?
На почеток често да. Но плаќате само за она што ви треба и немате лиценца по корисник.
Може ли да се поврзе со нашето сметководство?
Во повеќето случаи да — преку извоз, база или API на програмата.
Што ако сакаме да промениме добавувач?
Кодот и документацијата се ваши, секој друг тим може да продолжи.
Решенија во оваа област
ERP систем по мерка
Продажба, набавка, магацин и производство во една база — изработено според начинот на кој работи вашата фирма.
Дознај повеќе →РешениеПрограма за магацин
Залиха во реално време по објект, прием и издавање со баркод, попис без хартија и известувања за минимални количини.
Дознај повеќе →