Софтвер по мерка —
од машината
до фактурата.
Автоматизација на производство, деловни системи, е-Фактура интеграции, апликации и веб страни. Проектираме, градиме и одржуваме — на македонски, со изворен код што останува ваш.
Сè што е софтвер.
Една адреса.
Од автоматизација на цела фабрика до веб страна за мал бизнис — ист тим, иста грижа, еден договор за поддршка.
Автоматизација на производство
Следење на машини и линии во живо, застои, OEE, работни налози, следливост на лот — поврзано со PLC, сензори и баркод.
- Следење на машини и OEE
- Работни налози
- Следливост на лот
- Залиха на суровини
Деловен софтвер по мерка
ERP и CRM што ги следат вашите процеси, не обратно. Магацин, набавки, работни налози, интерни портали и извештаи.
- Магацин и залиха
- Набавки и продажба
- CRM
- Работни налози и сервис
е-Фактура и интеграции
Го поврзуваме вашиот постоечки софтвер со платформата на УЈП — UBL 2.1, дигитален потпис, прием и одбивање на фактури.
- Издавање е-Фактура
- Прием и одобрување
- Статуси и еИД
- Архива
Апликации и мали алатки
Веб и мобилни апликации, екстензии за прелистувач, скрипти што ја заменуваат рачната работа — од идеја до продукција.
- Мобилни апликации
- Веб апликации
- Екстензии за прелистувач
- AI во процесот
Веб дизајн и веб страни
Брзи веб страни и онлајн продавници со SEO за Македонија од првиот ден — кирилица, латиница, албански и англиски.
- Презентациска веб страна
- Онлајн продавница
- SEO за Македонија
- Повеќе јазици
Одржување, хостинг, поддршка
Надзор, бекап, безбедносни ажурирања и законски измени. Ве преземаме и од претходен добавувач.
- Мониторинг
- Бекап и враќање
- Безбедносни ажурирања
- Законски измени
Ние го изградивме Тефтер.
Целосен POS систем за ресторани и хотели: фискални сметки усогласени со УЈП, кујнски екрани, залиха и рецептури, резервации, AI скен на фактури. Работи локално — и без интернет — секој ден, во вистински локали.
Истиот тим и истиот стандард — сега за вашиот бизнис.
Фактури без препишување
Екстензија за прелистувач што ги чита товарите од порталот на превозникот и сама генерира PDF фактури. Работата од неколку часа неделно стана еден клик.
Дигитален џубокс за бар
Гостите бираат музика од телефон, редот се управува централно — со Spotify интеграција и правила на локалот.
Платформа за пазарни податоци
Прием и анализа на берзански податоци во реално време, со ниска латенција и сопствени контролни табли.
Фирми што растат побрзо од својот Excel.
Јасно од првиот ден.
Цена пред да почнеме.
Без изненадувања.
- Дизајн по мерка, не шаблон
- МК / SQ / EN
- Техничко SEO и Google профил
- Брза и безбедна, без приклучоци
- Бесплатна анализа на процесот
- Демо на секои две недели
- Изворен код и документација
- Обука и пренос на податоци
- Хостинг, бекап, мониторинг
- Безбедносни ажурирања
- Законски измени (е-Фактура, УЈП)
- Преземање од друг добавувач
Често поставувани прашања
Колку чини изработка на софтвер по нарачка?
Зависи од обемот. По бесплатниот разговор добивате писмена спецификација и фиксна цена. Поголемите системи се делат во фази за да плаќате само за она што е готово.
Колку време трае изработката?
Мали алатки и интеграции — неколку недели; поголемите системи ги делиме во фази, со работна верзија по секоја фаза. Точниот рок е во спецификацијата.
Дали изворниот код е наш?
Да. По исплатата, изворниот код, базата и документацијата се ваши. Може да продолжите со нас или со кој било друг.
Може ли да се поврзе нашиот сметководствен софтвер со е-Фактура?
Во повеќето случаи — да. Ако вашиот софтвер има база или извоз на податоци, го поврзуваме со платформата на УЈП без менување на целиот систем.
Треба ли да ги менуваме машините за следење на производство?
Не мора. Постарите машини ги следиме со сензори или баркод на линијата, новите директно преку PLC. Почнуваме со пилот на една линија.
Работите ли и надвор од Скопје?
Да — низ цела Македонија, на лице место и далечински. Работиме на македонски, албански и англиски.